Трагедија: Скијач почина на Попова Шапка
61-годишен германски државјанин починал во засега неутрвдени околности додека бил на скијање на задната страна на врвот Церипашина на Попова Шапка. Според првичните полициски информации, германскиот државјанин откако пристигнал на Попова Шапка, вчера со други скијачи со ратрак се упатил на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање. Според кажувањата на поединци од групата, тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот.
Веднаш било известено полициското оддление на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР што пристигнал на местото и го пренел германецот во клиниката систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа