Турците порачуваат: Да не се допира унитарниот карактер на државата

Демократската партија на Турците во Македонија преку соопштение изрази загриженост за, како што се наведува, активностите за креирање законски решенија што длабоко допираат во унитарниот карактер на државата и заговараат бинационални решенија.

- Имајќи ја предвид дикцијата на преамбулата на Уставот на Р. Македонија во која припадниците на немнозинските заедници се дефинирани како делови на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот, бошњачкиот и влашкиот народ во Македонија, давање ексклузивни права на една етничка заедница ја нарушува со Устав загарантираната еднаквост на граѓаните и помалобројните етнички заедници ги става во подредена положба. 

Оттука сосема се разбирливи реакциите на припадниците на турската заедница, кои ваквите решенија ги сметаат како вешта политичка манипулација, која може да предизвика дополнителни тензии и конфликтност со далекосежни последици по стабилноста на Македонија и регионот во целина - се наведува во соопштението.

Од ДПТМ истакнуваат дека и натаму ќе се залагаат за силна, стабилна, просперитетна и унитарна Македонија во која еднакво ќе се чувствуваат сите нејзини граѓани, независно од нивната национална, верска или која било припадност.

 

 

 

27.02.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега