Мицевски до Шекеринска: Помислете малку за државата, за јунаците што се бореле за Македонија

Радмила од која јахта го пишуваше твојот фејсбук статус ?  Дали уште мислите дека ќе ги возите граѓаните на филмот што го вртевте во 90 – те. Народот веќе не е со кратка меморија. Народот многу убаво се сеќава на твоите и изјавите на твојот лидер, аболицираниот криминалец Зоран Заев и за виткањето на кичмата и за тоа како не ви прилега политика на патриотизам, но и како ти ветуваше дека ќе го решиш името за 6 месеци, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-Радмила ако ти е за пари кажи. Пренеси му и на твојот лидер отворена е понудата за подршка од ВМРО-ДПМНЕ за подршка на малцинска Влада само државата не ја продавајте !  Го знаеме вашиот начин на владеење, ќе си обезбедите и со јахти и со десетици станови за ској од врхушката и пари, сето тоа некако ќе се надмине, но никогаш нема да може да се надмине ако ја продадете државата, тоа се прави еднаш засекогаш.  Помислете малце за државата, помислете за нашите деца, за вашите деца, помислете за претците и јунаците што се бореле за оваа држава.  Македонија и македонецот никогаш нема да ви простат, а ако е за јахти и станови, ако треба и ќе отвориме повик за донации, само државата оставете ја, напиша Мицевски.

 

 

 

27.02.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега