Заев во 14 часот кај Иванов - Претседателот во наредните денови ќе донесе одлука

Лидерот на СДСМ денеска нема да го добие мандатот од Претседателот Иванов, дознава Press24 од свои извори.
Според информациите, делегација на СДСМ денеска во 14 часот ќе достави доказ за обезбедено мнозинство до Кабинетот на Иванов. Од таму ја потврдуваат ова информација но не откриваат кога Претседателот ќе ја донесе својата одлука. Она што може да се добие како неофицијална информација е дека Заев денеска нема да добие мандат и дека Претседателот Иванов, својата одлука ќе ја соопшти во наредните денови.

 

 

 

27.02.2017 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега