Тетовчанец влегол во шталата и затекнал хорор

 

Глутница од повеќе овчарски кучиња и кучиња скитници усмртиле седум кози, две потешко повредиле и уште пет полесно, откако вчера влегле во шталата на Р.А.(27) во атарот на тетовското село Доброште.

Според пријавата на сопственикот, како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски,  нападот на глутницата се случил вчера меѓу 9 и 11 часот додека тој не бил во шталата.

- Во неа имало 16 кози, а поради нападот на глутницата врз козите вкупната штета се проценува на 60 илајди денари. Полицијата извршила комплетен увид и работи на решавање на случајот, рече Јосифовски. 

 

 

 

27.02.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега