Ванковска: ДУИ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бираше според принципот „ко да више“

Професорката Билјана Ванковска потврди дека сето она што медиумите го пишуваа изминативе денови е вистина. Ванковска подетално објанува што се случувало за време на договорите меѓу СДСМ и ДУИ и што е целта на резолуцијата за геноцидот врз Албанците.

-Предмалку од сигурни извори слушнав дека е вистина сето она за што пишуваше Курир во врска со двојазичноста, резолуцијата за геноцид, итн. Според овој извор, целата разлика за ДУИ во изборот меѓу ДПМНЕ и СДСМ била содржана во изреката „ко да више“. Законот ќе се однесува само на албанскиот јазик, и да не се лажеме дека тоа не е дел од мозаикот за редефиниција на државниот поредок, чекор по чекор. Второ, резолуцијата за геноцидот врз Албанците од страна на Србите (од пред 100 години) нема никаква врска со соочување со минатото и помирувањето, туку со индиректно докажување дека Албанците биле тука (и како предмет не геноцид) уште пред воопшто да постојат (официјално) Македонци (кои држава прават дури во 1944-45). Така, ќе се постави претекст дека нивната малубројност се должи на тој геноцид (за кој не слушнал никој во светот за разлика од, на пример, Ерменскиот!), а дека Македонците се всушност измислени од Тито. Таквата резолуција, се разбира, создава основа за внатрешни тензии со српското малцинство во Македонија, но и со поголемиот и помоќен сосед – Србија! Затоа, Ахмети нема да одговара за воени злосторства од 2001, ниту пак ќе се извини, но ќе го етаблира постоењето на албанскиот етнос низ вековите. Можеби ова што го велам звучи националистички, но размислете дали нема тука основа за загриженост! За жал, денес протестира дел од македонската популација, пред празна зграда, во која ќе треба да се всели ново-старата влада (СДСМ – нови, ДУИ – стари), а никој нема да протестира од Шарените пред парламентот каде нивните граѓански активисти и други претставници се претворени во марионети уште пред воопшто да почнат со работа! Толку од „револуцијата“ која се изеде самата себе, пишува Ванковска на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 

 

 

 

27.02.2017 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега