Села: Политичката состојба во фокусот на средбата со Могерини

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села изјави дека на средбата со еврокомесарката за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини станало збор за политичката ситуација во земјата и за неможноста да се формира влада по вчерашната одлука на македонскиот претседател да не му даде мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

Зборувајќи за албанската платформа, Села рече дека неговата партија стои и ќе стои зад неа. Платформата, според Села, е почната во 1991 година кога им биле скратени, како што рече, правата на Албанците. 

- Од друга страна оваа декларација не е насочена против кој било народ. Не си даваме за право да одземаме право на другите народи, истакна Села. 

 

 

 

02.03.2017 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега