Министерката денеска ќе биде оперирана - со возилото се заби во камион

Славица Дејановиќ, српската министерка и потпретседателка на Социјалицстичката партија на Србија, денеска ќе биде оперирана по страшната сообраќајна несреќа која ја доживеа вчера. Нејзината состојба, откако нејзиниот автомобил удри во камион, за среќа е стабилна, но таа итно беше префрлена во болница заедно со нејзиниот возач кој е полесно повреден.

Таа ќе биде оперирана денеска, бидејчи има скршеница на раката.

Несреќата се случи синоќа кога министерката се враќаше од митинг на премиерот Александар Вучиќ.

 

 

 

03.03.2017 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега