Доаѓа неговиот крај - Албанците го палат Еди Рама

Додека со плитка популистичка реторика се меша во внатрешните работи на Македонија, Еди Рама се соочува со гневот на албанските десничари кои што протестират во огромна бројка и бараат негова оставка.

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија - Љурзим Баша, порача дека ќе продолжат големите протести со барање владата на Еди Рама да поднесе оставка и да биде формирана техничка влада која што во јуни би распишала и би обезбедила услови за фер и демократски избори.

Баша ги предводи протестите против премиерот Еди Рама на кој што се собираат илјадници луѓе и ја обвинува албанската влада дека се обидува да манипулира со изборниот процес.

Неколку демонстранти дури и запалија кукла која што го имаше неговиот лик, а тоа можете да го видите на видеото кое што го објави TV Ruptly.

Албанскиот премиер Еди Рама му одговори на Баша дека патот е сигурно тежок и дека вистинските реформи не се лесна работа. Владеачката коалиција порача дека повеќе нема време за да се исплонат барањата на опозицијата за електронско гласање.

Новинската агенција "AP" пренесува дека изборите во посткомунистичка Албанија никогаш не биле оценети како целосно слободни и фер од меѓународните надбљудувачи на изборниот процес кај нашиот западен сосед.

Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18-ти јуни и би требало да започнат и преговорите за членство на нашиот сосед во Европската унија.

 

 

 

03.03.2017 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега