Паника во СДСМ: Членството масовно се приклучува на протестите за одбрана на Македонија

Расте паниката во опозициските редови по секојдневните протести кои ги организира инцијативата “За заедничка Македонија“. Раководството на СДСМ од ден во ден делува се поисплашено а челниците на партијата веќе не можат да ги контролираат своите јавни настапи и да се воздржат од навреди кон граѓаните кои си ја бранат државата.
Опозицискиот лидер Зоран Заев во последниот јавен настап граѓаните кои протестираат ги нарече бандити.
Истовремено и неговиот портпарол, Петре Шилегов рече дека оние кои протестираат се фашисти.
Ваквото однесување на партиското раководство според добро упатени извори од Бихаќка е резултат на се поголемата поддршката која ја добива инцијативата „За заедничка Македонија“ и се поголемиот број на членови и симпатизери на СДСМ и останатите партиски приврзоци кои се приклучуваат на протестите.
Голем број граѓани веќе не кријат дека направиле катастрофална грешка на изборите кога гласале за СДСМ, партија која како што велат, сега реализира платформа на друга држава за која не добила поддршка на изборите.
На протестите од ден во ден може да се забележат граѓани кои важеле за блиски до македонската левица. Тие велат дека сега се клучните моменти за државата и нејзиниот опстанок и дека обврска на секој Македонец е да се приклучи на протестите.
„Ова не е борба меѓу Груевски и Заев. Ова е борба меѓу Македонија и нејзините непријатели. Сакам да бидам на страната на Македонија. И го должам тоа, на државата, но и на моите деца“ – изјави вчера еден од демонстрантите.
Непромислените изјави и реакции на раководството на СДСМ дополнително ги мотивираше организаторите на протестите. Тие најавуваат уште поголема масовност низ цела Македонија.
„Заев не навреди нарекувајќи не’ бандити, Шилегов не’ нарече фашисти, а денес 100 илјади народ имаше по улиците на Македонија, гордо и достоинствено, со љубов за нашата заедничка држава.

Тој со платформи за парчење од кои како што гледаме не се откажува, плус со богато досие на суд, а нас не’ нарекува бандити и фашисти… Па нема толку навреди во речникот, колку што не’ има во одбрана на нашата заедничка земја.

Им благодариме од срце на сите граѓани кои вечерва низ цела држава излегоа да кажат каква Македонија сакаат и во каква земја веруваат.

Утре излегуваме уште помасовно, за да им пратиме најсилен одговор на оние кои не’ нарекуваат бандити и фашисти дека нема да им помине обидот љубовта кон татковината некој да ја нарекува фашизам.“ – стои на официјалната фан страна на инцијативата “За заедничка Македонија“

 

 

 

 

 

 

03.03.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа