Излетале од автопатот, ја пробиле оградата и се превртеле на кров

Во тешка сообраќајна несреќа, на делницата на автопатот А3 Брегана- Липовац, две лица се здобија со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила откако 61 годишниот српски државјанин управувал со сопствениот автомобил „Peugeot“, со српски регистерски таблички, од десна преминал на левата коловозна трака, но притоа со тркалата ја поткачил заштитната ограда од тревната површина покрај автопатот, изгубил контрола врз возилото, ја пробил опградата,излетал од автопатот и се превртел на кров.

Тешко повредениот возач и неговата исто така тешко повредена сопруга (61) се префрлени во болницата во Нова Градишка, каде што се задржани на лечење.

Двете повредени лица се вон животна опасност.

 

 

 

03.03.2017 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега