Претседателски избори во Србија

Претседателката на собранието во Србија, Маја Гојковиќ ги најави претседателските избори за 2. април.

Гојковиќ ги повика граѓаните масовно да излезат и со својот глас да одлучат кој ќе биде следниот претседател во наредниот мандат, како и внимателно да ги следат кампањите и со својот глас пред сè да ги оценат програмите на претседателите, кои се од исклучителна важност за иднината на Србија.

-„Сакам да се избере најдобриот кандидат кој сериозно и одговорно ќе соработува со владата и заедно со неа ќе се бори за сочувување на стабилноста, политичката и економската стабилност во државата која е зачувана досега, како и за слободата, независноста и суверенитетот.“- изјави Гојковиќ.

 

 

 

03.03.2017 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега