Тодоров: СДСМ со креирање лажни вести пробува да ги заплаши граѓаните кои не размислуваат како нив

ВМРО-ДПМНЕ со ништо или не направила ниту еден чекор во правец на тоа да се понижат Албанците или да се наштети на Албанците, кажа Никола Тодоров во своето гостување во Дневникот на Сител телевизија.

-Ние како партија немаме ништо против Албанците во Македонија, тие се наши пријатели, соседи и соработници со кои што сме соработувале и соработуваме, живееме заедно и во ниту еден момент ВМРО-ДПМНЕ со ништо или не направила ниту еден чекор во правец на тоа да се понижат Албанците или да се наштети на Албанците, вели Тодоров.

Тодоров исто така вели дека СДСМ и Сорос со креирање на лажни вести пробуваат да ги исплашат сите оние кои не размислуваат како нив.

-Она што СДСМ го прави е карактеристично за нив и го прават подолго време, а тоа е начинот на постојано продуцирање на лажни вести или фејк њус и на овој начин сакаат да го исплашат народот, да секој оној кој мисли поразлично од нив, да биде исплашен, да остане дома и да не им се спротиставува. Ова е една алатка за би рекол контролирање на ситуацијата, која што е смислена во лабараторијата на СДСМ и Сорос и која што ја спроведуваат на дело плашејќи ги и заплашувајќи ги граѓаните. Ова не е ништо друго туку директно заканување од страна на СДСМ на граѓаните на Македонија, кои што мислат поинаку од нив, односно оние граѓани кои што се спротиставуваат на обидот на СДСМ преку прифаќање на Платформата, да ја редифинира Република Македонија и од една мултиетничка држава, да ја претвори во бинационална држава, завршува Тодоров.

 

 

 

03.03.2017 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега