Крвава ноќ во Скопје: Со два куршуми го однеле на Ургентен

 

На улицата Димитрије Чуповски во Скопје, синоќа во 1 часот и 40 минути, имало пукање. Полицијата денеска информира дека 42-годишниот С.Ф. и 39-годишниот Е.М. од Скопје се скарале, па се степале, а во еден момет, С.Ф. извадил пиштол и испукал два куршума кон противникот, кој инаку бил брат на неговата сопруга.

На истиот му била укажана медицинска помош во Ургентен Центар  Скопје и од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и тоа прострелна рана во пределот на десната дланка и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување.

Со осомничениот ќе биде извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

04.03.2017 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега