Малолетничка прегазена во Кочани
Страшна сообраќајна несреќа се случила синоќа 45 минути по полноќ на раскрсницата од улиците Киро Кекенски и Теодосија Паунов. Опел Корса со штипска регистрација управувана од 23-годишниот Д.П. удрила во пешак на возраст од 17 години.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, отворена фрактура на лева подколеница, скршеница на десна клучна коска на рамото и потрес на мозокот, кои и биле констатирани во ЈЗУ Кочани, по што била препратена на понатамошно лекување во Клинички Центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани.
04.03.2017 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа