Скопјанец се шокирал кога ја отворил вратата од дома
Бомба кашикара е пронајдена пред влезната врата на 63-годишниот П.Ј. на улица „Париска комуна“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, вчера околу 10 часот е пријавено во полицијата дека на ул.„Париска Комуна“ пред влезната врата од гаражата од куќа сопственост на П.Ј.(63) била пронајдена рачна бомба-кашикара, а близу до оградата бил пронајден и осигурувачот.
На местото на настанот бил извршен увид и известен е Одделот за антитероризам. Се работи на целосно расчистување на случајот.
04.03.2017 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа