Страшна сообраќајка во скопско: Повредено дете

 

Страшна сообраќајка незгода се случила вчера во селото Студеничани, скопско, во 14 часот и 54 минути. Полицијата денеска информира дека на влезот од селото, се судриле возило „Рено Меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од страна на 33-годишниот Д.М. од селото Зелениково и велосипед управуван од девет годишен малолетник од селото Студеничани.

Во незгодата со тешка телесна повреда и тоа скршена бутна коска се здобило детето.

Му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар во Скопје. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

05.03.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега