Трагедија во Македонија: Јагленисано тело најдено во куќа
Во 20 часот и 55 минути во селото Богословец–светиниколско, избувнал пожар во куќата на 80-годишниот Т.М.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица Св.Николе. При гасењето бил пронајден јагленисано тело.
Местото е обезбедено од страна на полицијата, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
05.03.2017 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа