Тешка сообраќајка во Македонија
Во 9 часот и 45 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистерски ознаки управувано од 46-годишниот Р.П. од селото Василево и возило марка „Пежо 607“ со струмички регистерски ознаки управувано од страна на 46-годишниот Б.В. од Струмица.
Во незгодата Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар Струмица, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот Центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа