Жена од Крива Паланка целата изгорена во болница - и пламнал шпоретот

 

Страшна несреќа се случила во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка, кога на жена и пламнал шпоретот, при што се здобила со тешки изгореници.

Се работи за 59-годишната Н.Н. од Крива Паланка, која била во својот стан на улицата Моша Пијаде. Во еден момент се обидела да го запали шпоретот поставен на терасата, а тогаш тој пламнал и ја изгорел кај главата, рацете и нозете, по што веднаш била пренесена во болница.

На несреќната жена и се констатирани изгореници на телото од втор степен.

 

 

 

06.03.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега