Подгответе се: Нов влажен бран доаѓа кон Македонија

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог.. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 10 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

 

 

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе  биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови поради што ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Утре повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

 

 

 

07.03.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега