Калкулации за нова Влада: ДУИ не сака да гласа за кабинетот на Заев без мандат од Иванов

Без мандатот од Иванов во ДУИ размислуваат дали воопшто би  гласале за нова Влада со Заев како премиер. Како што пишува Дневник повикувајќи се на партиски извори во Мала Речица, од партијата се уште немаат изграден став дали без „амин“ од Иванов би му дале поддршка на СДСМ за нова Влада бидејќи во партијата се на став дека таквата одлука нема да помине преку Уставниот суд.
Од партијата нема конкретен одговор што би се случило во ситуација Заев воопшто да не го добие мандатот и дали во една таква ситуација би поддржале организација на нови предвремени парламентарни избори, опција за која се залага ВМРО-ДПМНЕ, а силно се противи СДСМ.

Дневник пишува дека во случај СДСМ и ДУИ да обезбедат мандат за нова Влада, претседателското место во Собранието договорено е да му биде отстапено на етнички Албанец.

 

 

 

07.03.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега