Во топ 10 најевтини земји во кои животот е евтин се наоѓа и Македонија

Истражувањето кое го објавило "GoBankingRates", прикажува список од најевтини земји за живот.

Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.

Топ 50-те земји каде животот е најевтин се споредени на следниот начин, од "најскапи" до најевтини, а рангирањето изгледа вака:

"Најскапи" земји за живот кои се наоѓаат на листа од 50. до 41. место се: Белорусија, Перу, Литванија, Хрватска, Мароко, Литванија, Португалија, Египет, Ерменија и Филипини.

Од 40. до 31. место се Бангладеш, Русија, Унгарија, Сирија, Словенија, Германија, Тунис, Шпанија, Естонија и Турција.

Од 30. до 21. место својата позиција ја пронашле Бразил, Грузија, Непал, Албанија, Црна Гора, Алжир, Украина, Азербејџан, Мексико и Романија.

Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето окружение: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.

Во топ 10 најевтини се наоѓаат Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан и Саудиска Арабија. На второто место е Индија, додека "шампион" е Јужна Африка.

 

 

 

07.03.2017 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега