ФОТО: Со молотов коктел нападнат “Музејот на албанската азбука” во Битола

Утрото околу 4 часот оштетена е фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука со седиште во Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.

 

Според првичните информации, утрово во 4 часот непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (Молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот.

Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола

 

 

 

07.03.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега