ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз „Музејот на Албанската азбука“ во Битола
ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди инцидентот во кој биле искршени стаклата на објектот на Музејот на Албанската азбука во Битола.
Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, овој настан е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели.
- ВМРО-ДПМНЕ смета дека негувањето на историјата и културата на секој народ е суштествено право и особено значаен елемент на едно мултикултурно општество какво што е македонското, се наведува во соопштението.
Партијата ги повикува надлежните органи побрзо да го расветлат случајот и виновниците да бидат санкционирани.
- Овој инцидент е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата. Апелираме медиумите да не го користат овој настан и да потпаѓаат под манипулациите, кои некој се обидува да ги предизвика во јавноста, бидејќи токму тоа е целта на оваа структура која и во минатото се обидувала на одредени инциденти да им придаде политичка конотација, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа