Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈП

Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, покрај плата или пензија, имаат уште една недела да го пријават во Управата за јавни приходи. Според соопштението од УЈП досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, од очекуваните 216.695.

Најмногу пријави се поднесени во Скопје 79.378, Штип 41.859, Прилеп 32.154, Битола 27.558, Струмица 21.101 и Тетово 13.606. Електронски се поднесени вкупно 1039.

Пријавите можат да се поднесат секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот, во регионалните дирекции, Дирекцијата за големи даночни обврзници и днаочните одделенија. Од 8:30 до 16;30 часот може да се поднесе и на даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово.

 

 

 

07.03.2017 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега