Реакција на Здружението на судии за оштетувањето возило на судијка од Охрид

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува чинот на оштетување  на приватно возило на судијка во Основиот суд во Охрид што вчера го извршиле непознати сторители.

– Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија го осудува нападот над материјалните добра на судија Билјана Белевска Пројковска, судија во Основен суд Охрид, и особено доколку тие се насочени кон заплашување, односно обид за влијание во постапката за правораздавање, пишува во реакцијата.

Истовремено, Здружението на судиите ја истакнува својата загриженост од ваквите и случни напади на личниот интегритет и безбедност на судиите и, како што наведува, очекува дека надлежните органи во рамките на своите овластувања ќе преземат мерки за заштита и соодветно процесуирање на овие случаи.

 

 

 

07.03.2017 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега