Заев ја прифатил Албанската платформа за отварање на прашањето за химната

Лидерот на СДСМ Зоран Заев со прифаќањето на платформата на албанските партии потпишана во Тирана, се согласил и за отворање на прашањето за промена на химната.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во синоќешната 24 Анализа истакна дека Албанците не ја прифаќаат химната на Република Македонија и бараат нејзина промена.

-Вие имате ситуација во која втората по големина етничка заедница не ја прифаќа таа химна бидејќи ги исклучува нив, ги исклучува во секој аспект од таа химна. Ние велиме за да бидеме полојални кон државата, за да бидеме инклузивни, за да може сите да станеме на иста химна, таа химна треба да не претставува и нас. Меѓутоа за тоа треба двотренинско мнозинство, вели Османи.

Османи поосчува деказа прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и името се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.

 

 

 

08.03.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа