ДУИ во слободен пад: Локалните избори ќе бидат завршен удар

Тоне рејтингот на партијата на Али Ахмети. Внатре партиските анализи кои партијата ги крие од јавноста покажале дека на следните локални избори Ахмети ќе ги загуби речи си сите поголеми општини со кои неговата партија управуваше во овој мандат.
Речи си извесно е дека ДУИ ги губи, Тетово, Гостивар и Чаир, а во партијата веќе одамна не сметаат на Арачиново и Сарај.
Обратно пропорционално со рејтингот на ДУИ се движи рејтингот на БЕСА. Според неофицијалните информации кои ги споделуваат загрижени „интегративци“ се очекува до средината на пролетта, ДУИ и официјално да има послаб рејтинг од БЕСА, што ќе биде значително менување на расположението кај албанското малцинство во Македонија. За помалку од две години, од изборите во 2014та до изборите лани ДУИ загуби повеќе од половина од гласовите со кои располагаше.
Ваквиот развој на настаните воопшто не е неочекуван во политичките кругови. Аналитичарите коментираат дека граѓаните Албанци се презаситени од обидите на ДУИ да собира политички поени на етнички прашања. Според нив, и Албанците како и Македонците бараат подобар живот, повеќе пари и поквалитетна економија, а етничките прашања полека но сигурно преоѓаат во втор план.
Според неофицијални информации кои доаѓаат од Мала Речица во ДУИ се во дилема, дали да одат на локални избори час поскоро или да дејствуваат за нивно одложување. Оние кои ја разгледуваат првата опција сметаат дека е подобро партијата да го спаси она што може да се спаси додека рејтингот на БЕСА не пораснал до тоа ниво да ДУИ веќе не може да се надева на ништо на изборите. Од друга страна, дел од функционерите сметаат дека одложувањето на изборите може да доведе до некаква промена на позициите, особено ако партијата успее со СДСМ да ја протурка платформата која потоа би се прикажувала како голема победа.
Во ДУИ веќе ја имаат направено математиката за локалните избори кога станува збор за поддршка од другите партии.
Доколку БЕСА договори нејзините кандидати да бидат поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, што не е невозможна опција, тогаш ДУИ ќе биде збришан на локалните избори без разлика кога тие ќе се случат.

 

 

 

 

 

08.03.2017 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега