Куманово: Кираџијата и приредил хорор
Во 15 часот во Куманово на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ А.И. кој живеел под кирија во истиот двор со 49-годишната Ш.А. и приредил хорор. Полицијата информира дека насилникот ја искршил влезната врата, влегол внатре, и со закана побарал пари од жената, а откако таа успеала да избега, извршил пребарување и од нејзината чанта одзел 500 евра по апоени од 100 евра.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
10.03.2017 - 13:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа