Османи: ДУИ не се согласува со програмата на Заев

ДУИ смета дека двојазичноста на банкнотите и униформите не е спротивна на Уставот. "Во однос на денешните ставови не се согласуваме дека двојазичните банкноти и униформи се неуставни. Ние сметаме дека се целосно во рамките на Уставот како што и пасошите кои се користат низ цела територија па и надвор се двојазични со децении" - вели за Press24 портпаролот на ДУИ Бујар Османи. Се уште нема одговор од Османи дали ова значи ипромена на позициите во ДУИ Неговата реакција следи по денешната прес конференција на Заев на кој ја тој ја претставуваше програмата на владата со која тој би раководел.

 

 

 

 

10.03.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега