ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја покажа намерата за редефинирање на државата

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека најавата од претседателот на СДСМ Зоран Заев за дебата во однос на платформата на албанските партии ја покажала неговата намера за редефинирање на државата.

– Обидот на Зоран Заев да манипулира со јавноста и да ја потценува интелегенцијата на граѓаните е неуспешен. Тој во сопствен стил, конфузно се обиде да најави дека ако го добие мандатот ќе продолжи да дебатира по точките од тиранската платформа, за воведување двојазични банкноти и монети, двојазични униформи, прогласување геноцид, промена на државните симболи и слично. Ова ја покажува всушност намерата на Зоран Заев, која претходно ја најавуваа и т.н експерти од СДСМ, преку наводни дебати и консултации на партиски експерти, па дури и странска помош, да подготват редефинирање на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, револтот на граѓаните е се поголем заради неискреноста на претседателот на СДСМ, гласале едно на изборите, а сосема друго добиле со, како што наведуваат, тиранската платформа од која како што гледаме Заев не се откажува“.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да се откаже од платформата или да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните.

–  Го охрабруваме Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев, се вели во соопштението.

 

 

 

11.03.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега