Откриен идентитетот на момчињата кои загинаа на патот Гевгелија - Богданци

Три лица починаа во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне околу 14:39 часот на регионалниот пат Гевгелија - Богданци во близина на местото викано „Шарен мост“.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, сообраќајната незгода помеѓу возила „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ. (20) од Богданци и „Форд Фиеста“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  Љ.П. (40) од Кавадарци. Во незгодата, од здобиените повреди, на место починале К.П.Ѓ. (17) и М.Ш. (20), двајцата од Богданци, сопатници од возилото „Ауди“.  Возачот од тоа возило, Б.Џ. бил пренесен во Јавна здравствена установа-Гевгелија каде во 16:30 часот починал. Возачот во возилото „Форд“, Љ.П. се здобил со телесни повреди и е пренесен во Јавна здравствена установа Кавадарци, наведува МВР во редовниот Билтен.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени во Институтот за Судска медицина за обдукција.лв/мд

 

 

 

11.03.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега