Украден пиштол од семејна куќа во Куманово

Кражба се случила вчера во Куманово. Според информациите на МВР,  вчера околу  13.45 часот во полициската станица во Куманово, 46-годишниот М.И. од Куманово пријавил дека непознат  сторител извршил тешка кражба во куќа во с.Романовце, кумановско, сопственост на 59-годишниот Ј.Ш , кој се наоѓа на привремена работа во Швајцарија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Сектор на внатрешни работи на  Куманово при што било констатирано дека непознатиот сторител, во периодот од 05.03.2017 до 12.03.2017 година, насилно ја отворил влезната врата од гаражата, и преку истата влегол во куќата, извршил пребарување и одзел еден пиштол „Застава“ калибар 7,62мм.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.03.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега