Гостиварчанец испраќал смрттни закани до полициски службеник: Ќе ти го нападнам семејството

Полициска станица Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Р. (43) од село Добридол поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 12.02.2017 година во 17.20 часот пријавениот му праќал телефонски пораки со заканувачка содржина на полициски службеник дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животот и телото на неговото блиско семејство. Причина за тоа е извршената акциска контрола во угостителски објект, сопственост на пријавениот,  каде биле затекнати седум женски лица и тоа две државјанки на Република Македонија и пет странски државјанки, кои биле приведени и задржани во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.

 

 

 

13.03.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега