Тешка сообраќајка се случи вчера во Тафталиџе - мотоциклист итно пренесен во болница

Мотоциклист бил итно пренесен во Ургентниот центар по сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на раскрсницата со булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „8 Септември“, пишува Курир.мк

Од МВР информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале автомобил „Мерцедес“ и мотоцикл. Возачот на моторот со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. На местото на несреќата извршен е полициски увид.

 

 

 

14.03.2017 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега