Јово Вангеловски: Очекувам заздравување на состојбите во судството

Новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски во интервју за „Дојче Веле“ вели дека Врховниот суд, ќе може многу да придонесе за заздравување на состојбите во судството. Тој очекува резултатите од тоа да ги видиме во блиска иднина, соодветно валоризирани во оценките кои ќе ни претстојат од Европската Комисија. Вангеловски најавува соработка и со Републичкото обвинителство и со Специјалното јавно обвинителство, како и подобра соработка и транспарентност со медиумите. „Најавувам големо отворање на Врховниот суд кон јавноста и медиумите. Во последните години имаше подобрувања, но имам концепт за многу поактивен пристап во таа насока“, вели Вангеловски. За шпекулациите кои се појавија околу оценувањето на судиите, Вангеловски вели дека не се работи за субјективитет, туку за фабричка грешка на законот. „Луѓето не се бројки и бодови, но ако се алудира на мојот избор, едно е јасно: имав неспоредливо најголем број бодови во однос на другите кандидати, и при редовното и при вонредното оценување“, рече Вангеловски. Тој смета дека поставувањето на Стојанче Рибарев како в.д. претседател на Кривичниот суд е разумна одлука, бидејќи Рибарев е искусен во повисоки судови.

 

 

 

14.03.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега