ВИДЕО: Инцидент во банка во Куманово - интервенираше Брза Помош

На интернет-порталот „Специјал“ осамна видео од експозитура на една кумановска банка на кое се гледа како обезбедувањето се обидува да извелече еден граѓанин надвор.

Не е познато што ѝ претходело на ваквата драма, но од тоа што го пишува порталот, граѓанинот од ромска националност чекајќи ред за да ја прими социјалната помош загубил трпение и почнал да прави проблеми, кога обезбедувањето се обидело да интервенира настанал општ метеж и турканици бидејќи револтираниот граѓанин не сакал да ја напушти експозитурата.

Неговата сопруга видно потресена се обидувала да му помогне, а поради стресот на крајот се онесвестила по што интервенирала и екипа на итната помош.

Според пишувањата на порталот, настанот се случил во понеделникот попладне.

 

 

 

14.03.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега