Пресврт во случајот со убиството на жената во Битола
Мажот ја убил својата сопруга во Битола, смета битолското Основно јавно обвинителство.
Тоа од судијата на претходна постапка побрало тој да добие 30 дневен притвор.
„ Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик. Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот на 13.03.2017 година, поради претходно нарушените меѓусебни односи, во дневната соба од заедничкиот дом со вршење на семејно насилство ја лишил од живот оштетената – неговата сопруга Е.М.Д. од Битола. Осомничениот со повеќе удари со тапо тврди средства – дрвени сукала ја удирал по главата оштетената нанесувајќи и повеќе повреди, од што настапил смртен исход. Постапката по наведената кривична пријава е во тек.“ - велат од обвинителството
Случајот во полиција го пријавил сопругот.
-Во период од 9:35 до 9:40 сопругот излегол од зградата и отишол во гаражата претходно заклучувајќи ја влезната врата од станот однадвор. Кога се вратил влезната врата била отворена, по што И.Д. ја пронашол сопругата облеана во крв во горниот дел од телото, беше првичната информација од МВР според окја мажот тврдел дека не е виновен за убиството и дека неговата сопруга била убиена додека тој бил во гаражата.
Дополнителната истрага сепак покажала дека главен осомничен за убиството на жената е токму нејзиниот сопруг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа