Неверојатно: По втор пат ограбени штедачите на ТАТ во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј. (66) од Битола, поранешен стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Пријавениот, во својство на стечаен управник на ТАТ штедилница Битола,  ја искористил својата службена положба и овластување и во периодот од 2009 до 2016 година, при авансни распределби на парични средства од стечајна маса, на стечајниот должник ТАТ штедилница, несовесно постапувал со стечајната маса и за себе остварил имотна корист од 1.070.500 денари.

Пријавениот поднесувал предлози за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, за што добивал решенија од Стечајниот Совет, иако знаел дека на сметката на ТАТ нема доволно парични средства.  За да го обезбеди потребното салдо на парични средства за исплата на сите доверители, истиот  ги повлекувал паричните средства од доверители кои од различни причини не ги имале подигнато од своите сметки во Стопанска Банка АД Битола, и на тој начин обезбедувал парични средства за нови исплати.

Процентуално, повторно ќе им биле исплатени  парични средства на доверителите, но само онолку колку им следува со новата распределба. Доколку се јавеле такви доверители кои не си ги имале подигнато средствата од претходни распределби, тогаш дополнително им се вршела исплата од сметката на ТАТ. По донесувањето на секое решение за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, пријавениот поднесувал барање до Стечајниот Совет, за добивање на дополнителна парична награда одредена според Правилникот за награда и надомест на реално потребни трошоци на стечајниот управник. Судскиот Совет во пет наврати донел решенија со кои му се одредува парична награда во вкупен износ од 1.070.500 денари

 

 

 

14.03.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега