За време на работа двајца полицајци биле претепани во Битола

Денеска во 03 и 40 часот во полициска станица Битола, полициски службеник од Битола пријавил дека околу 03 и 30 часот на булевар „1-ви Мај“, додека со друг полициаец вршеле патролна служба, од страна на лицата 25- годишен С.И. и 24- годишен М.Р, двајцата од Битола, им биле упатени закани и биле физички нападнати, по што во Клиничка болница Битола им биле констатирани телесни повреди.

Двајцата напаѓачи имале поголема количина на алкохол во крвта С.И. од 1,79 промили и М.Р. со 2,66 промили.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

14.03.2017 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега