Гореше куќа во Скопје - пожарникарите на терен

Изгоре куќа во скопското село Визбегово. Несреќата се случила денеска во 1:37 часот на улица „3“. Како што информираат од полицијата, од непознати причини, настанал пожарот при што целосно е изгорена куќата сопственост на М.Л. (80). Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

 

 

 

14.03.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега