Иванов со најголема меѓународна активност од сите досегашни претседатели

Статистиката на реализирани средби на претседателот Иванов со странски државници, бројот на посети и неговото учество на етаблирани меѓународни настани говорат дека македонскиот претседател важи за државник со најголема меѓународна и дипломатска  активност во споредба со сите досегашни претседатели.

Додека Иванов е на функцијата Претседател на Република Македонија, се имаат реализирано 26 официјални посети, 65 работни посети, а македонскиот претседател учествувал на 80 меѓународни настани.

Во меѓународната агенда на претседателот Иванов се нотирани околу 170 дипломатски активности

Претседателот Иванов има остварено околу 400 средби со шефови на држави, и околу 350 средби со странски државници, премиери, министри, амбасадори и претставници на меѓународни организации и верски лидери

Меѓу значајните светски државници со кои претседателот Иванов има остварено средби се: претседателот на САД,  Барак Обама, американскиот потпретседател Бајден, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Кина, Си Џинпинг, претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и сите клучни функционери на Европската унија,  германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, турскиот претседател Ердоган, грчкиот премиер Ципрас, египетскиот претседател Сиси, израелскиот претседател Шимон Перес и многу други.

 

 

За време на мандатот на Иванов, беше остварена прва официјална посета на Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-Мун на Република Македонија. Воедно Иванов е прв македонски претседател кој реализирал официјална посета на Ватикан.

Во работна или официјална посета претседателот Иванов има престојувано во  САД, Кина, Канада, Египет, Италија, Германија, Австрија, Велика Британија, Катар, Казахстан, Азербејџан...

 Република Македонија е конструктивен партнер во сите регионални иницијативи и активно придонесува во градењето на добрососедските односи

Претседателот Иванов ја претставува Република Македонија на сите релевантни и значајни меѓународни настани

Оттука, критиките дека Иванов ја турка Македонија во меѓународна изолација, се небулозни обиди за дискредитирање на претседателот Иванов, кои наместо на издржани аргументи и факти од неговата меѓународна агенда, се темелат на паушален и селективен пристап.

Мигрантска криза

Претседателот Иванов важи за еден од најзаслужните политичари во Европа во справувањето со мигрантската криза, со јавно признание и поддршка од сите меѓународни фактори.

Улогата на Македонија во справување со мигрантската криза и спречување на бранот на илегална миграција беше позитивно нотирана во извештаите на „Фронтекс“. 

Од март 2015 година претседателот Иванов има реализирано преку 100 активности, разговори и средби  со цел ефикасно справување со предизвиците од мигрантската и бегалската криза.

Во февруари 2016, претседателот Иванов беше поканат на четири состаноци на високо ниво во Брисел, каде се одлучуваше за мерките и активностите во однос на мигрантската криза.  Македонскиот  претседател цврсто ја застапуваше македонската позиција и не дозволи изградба на бегалски кампови. Низ Република Македонија транзитираа милион мигранти и илјадници беа згрижени во прифатните центри во Гевгелија и Куманово. Мигрантите беа третирани согласно сите меѓународни стандарди, а македонските граѓани не почувствува било какви закани од кризната состојба.

Иванов е Претседател кој секогаш достојно ја претставувал Македонија. Претседател кој го брани  македонскиот идентитет, сувереноста и независноста на државата,  кој покажа храброст и се спротивстави на сите напади врз достоинството на македонскиот народ.

На сите им е кристално јасно, зошто Македонија тапка во место во однос на европските и евроатланските интеграции.  Не поради претседателот Иванов, туку поради Грција, двојните стандарди во меѓународното право и начинот на донесување на одлуки во ЕУ и НАТО. 

 

 

 

14.03.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега