Страшна сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во пони велосипед

Во 14 часот во Скопје, на улицата „Симеон Кавракиров“ во близина на крстосницата со улицата „Борис Кидриќ“, се случила сообраќајна незгода во која возило „Киа Сид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот З.Н.А. од Скопје удрил во велосипед „Пони“, управуван од 59-годишниот скопјанец Д.М.

Полицијата информира дека по незгодата велосипедистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се константирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

15.03.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега