Едно изгорело, две чекале со полиен бензин – подметнат пожар во Скопје

Ноќва во 03.10 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека во насаселба Кисела Јабука-скопско, на улица „10“ било опожарено возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Кога излегле на местото на настанот полициските службеници констатирале дека освен што е опожарено наведеното возило, на улица „26“, најверојатно полиени со бензин се и две други возила, „ауди“ и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

Сите три возила се сопственост на Б.М. и неговата сопруга.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

15.03.2017 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега