Ужасни детали: Детето било во станот кога битолчанецот ја смачкал главата на сопругата

Битолчанецот Илија Дарков со сукало и ја искршил главата и ја претепал до смрт својата сопруга Емануела Даркова и тоа пред очите на малолетната ќерка. Како што дознава Дневник, причина за убиството биле нарушените меѓусебни односи. Неофицијално, пак, Илија ја убил сопругата поради расправија за станот, кој тој наводно го изгубил поради долгови.

За трагедијата да биде поголема, Илијакој подолго време бил гастарбајтер, кој работел во Словенија, откако се вратил пред неколку години, се венчал со Емануела, со која имал четиригодишна ќерка. Тоа му бил трет брак. Неофицијално, девојчето било во станот кога Илија ја убил Емануела, но најверојатно било во друга соба или спиело.

Kога ја убил Емануела, Илија ја заклучил вратата од станот и отишол во подрумот за да има некакво алиби, па кога се вратил дома, се јавил во полиција и рекол дека ја нашол вратата од станот отворена, а сопругата мртва.

 

 

 

15.03.2017 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега