Димитриев на средба на премиерите од Западен Балкан во Сараево

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев учествува на состанокот на премиерите од Западен Балкан што денеска се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот, чиј домаќин е претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, покрај Димитриев ќе учествуваат и премиерите на Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, како и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Италија, Ангелина Алфана.

Се очекува енергетиката да биде главна тема на состанокот на премиерите од Западен Балкан.

 

 

 

16.03.2017 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега