Горанчо Котески денеска на средба со неговите претходници

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал мајор Горанчо Котески денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ, 18 Август, ќе се сретне со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионираните генерали.

На средбата ќе присуствуваат и министерот за одбрана Талат Џафери, неговиот заменик Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Насер Сејдини, државниот секретар Сашо Стефановски и директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски.

Пензионираните генерали ќе бидат информирани за достигнувањата на АРМ на полето на реформите и трансформацијата, моментниот статус на единиците, како и предизвиците на АРМ во наредниот период.