АНКЕТА ИПИС: Забрзано расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ по изборите

Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,1% од граѓаните, а за СДСМ 21,8%, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС).

Според анкетата, за ДУИ би гласале 4,6% од анкетираните, за ДПА 0,9%, Алијансата би добила поддршка од 1,1% од граѓаните а БЕСА од 2,1%.

Меѓу етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ има голема предност пред СДСМ. Анкетата покажува дека најголемата македонска партија би ја поддржале 34,3% Македонци, а СДСМ би добила поддршка од 24,3%.


Меѓу Албанците со најголем рејтинг е ДУИ. 21,4% од етничките Албанци би гласале за ДУИ, додека 13% за СДСМ. БЕСА има поддршка од 9,7%, Алијансата 5% а ДПА 4,2%

Во споредба со изборите одржани на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ има раст на рејтингот од 25,5% во декември на 27,1% на последната анкета.
СДСМ загубиле од довербата 2,6 процентни поени паѓајќи од 24,4% на 21,8%.

Мал пад на рејтингот има ДУИ, а значителни загуби регистрирале ДПА, БЕСА и Алијансата на Албанците.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 11 до 13 март врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници.

 

 

 

16.03.2017 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега