Костовски: Им се извинувам на егејците но совеста ми е чиста

Длабоко се извинувам, до оние кои се почувствувале навредени. Но, мојата совест е мирна. Во мојот исказ немаше никаква задна мисла, ниту пак сакав да ги повредам чувствата на кој било човек, а најмалку чувствата на Македонците од Егејска Македонија. Би сакал да нагласам дека и самиот во своето потекло имам корени од тој дел на Македонија. Но, тоа не значи дека треба слепо и некритички да мислам за она со коешто не се согласувам, се наведува во соопштението на Здружение на граѓани за општествено економски просперитет „Човекот пред сè“, потпишано од Трифун Костовски.

„Изјавата, која ја дадов, е адресирана до одредена личност, која потекнува од тој дел на Македонија и кому му дадов грешна титула на организатор на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но тој е само обичен извршител. Нека им служи на чест на сите провладини режимски медиуми и портали, за оркестрираното дискредитирање на мојата личност и моите дела за Македонија. Тоа го очекував, меѓутоа не до степен на понижување на највулгарен начин, иако само тоа и знаат да го прават“, соопшти Костовски.

 

 

 

16.03.2017 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега